Почина еден од повредените во вчерашниот напад во Нант

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска соопшти дека починало едно од повредените лица во вчерашниот напад во Нант, јави дописникот на МИА од Париз.

Во вчерашниот напад во Нант, возач за кој постојат сомневања дека бил психолошки растроен, намерно влегол во пешачката зона каде се наоѓал божикниот панаѓур и притоа прегазил 11 лица. Возачот, пред да биде уапсен, самиот повеќе пати се прободел со нож.

Божикниот пазар во Нант, попладнево повторно беше отворен за јавноста.

Потврдувајќи ја смртта на едно од повредените лица, Оланд, кој се наоѓа во посета на францускиот архипелаг Сен Пјер и Миклон, предупреди да „не се попушта пред паниката“.

– Во текот на три дена, се случија три тешки настани. Овие три настани не се поврзани меѓу себе, но има совпаѓања. Тоа оправдува зголемена будност и голема ладнокрвност. Ние не треба да попуштиме пред паниката, на амалгамите и на стравовите, рече Оланд.

Францускиот претседател истакна дека треба да се делува против террозимот, давајќи до знаење дека актот во Жуе-ле-Тур имал терористички карактер.

По денешниот состанок на француската Влада се зајакнати безбедносните мерки со вклучување на дополнителни 200 до 300 војници во рамките на антитерористичкиот план Вижипират. Во моментов на јавните места во Франција, покрај редовните полициски сили, патролираат и околу 780 војници како зајакнување на полицијата.

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот