Почина данскиот принц Хенрик на 83-годишна возраст

Од:

Данскиот принц Хенрик, сопруг на кралицата Маргарета Втора, починал во вторникот вечерта во својот дом, објави кралското семејство.

Принцот Хенрик имал 83 години и умрел во сон во замокот Фреденсборг, северно од Копенхаген. Кралицата и нивните синови биле со принцот во моментот на неговата смрт. Хенрик бил пренесен од болница во замокот за таму да ги мине своите последни денови.

Принцот бил хоспитализиран на крајот од минатиот месец поради инфекција на белите дробови, а во 2017 година му била дијагностицирана деменција. Принцот Хенрик е роден во Франција во 1934 година и се оженил со тогашната принцеза Маргарета во 1967 година.

Маргарета станала кралица во 1972 година, а принцот Хенрик не го криел своето незадоволство поради тоа што не бил именуван за крал. Тој беше познат по својата љубов кон храната, виното и поезијата. Во 2016 објави дека се пензионира и оттогаш честопати минуваше време во своето лозје во Франција.

Минатата година официјални лица изјавија дека принцот не сакал да биде погребан заедно со кралицата поради долгогодишното незадоволство што не бил прогласен за крал. Притоа беше потенцирано дека Маргарета ја прифатила неговата одлука, со што се става крај на традиција долга 459 години.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ