Победа на Бајден на првичните избори во Небраска

Од:

Првичните избори за номинација претседателски кандидат од Демократската партија, поминаа без инциденти, и во услови на социјална дистанца, а имаше и нов рекорд кога на гласање преку пошта беа испратени 400 илјади гласачки ливчиња.

Во Небраска на првични избори гласаа и републиканците, за избор на кандидат за сенатор на сојузната држава.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден, за кого се верува дека ќе стане демократски претседателски кандидат, извојува лесна победа.

На овие избори за првпат се гласаше лично во услови на пандемија, после демократските избори во Висконсин пред пет недели, по што имаше критики во јавноста.

Истот така, и републиканците синоќа правеа избори, за избор во Сенатот, на кои убедлива победа оддржа актуелниот сенатор Бен Сас, кој го имаше критикувано претседателот Доналд Трамп па затоа се јави внатрепартиска конкуренција.

Властите во Небраска повикаа луѓето да гласаат по пошта, но републиканскиот гувернер Пит Рикетс соопшти дека може да се гласа и лично.

Би можело да ве интересира

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев