Побарано преиспитување на казната за „бомбашот од Локерби“

Од:

Семејството на Либиецот Абделбасет ал Меграхи, познат како „Бомбашот од Локерби“, денеска и формално поднесе барање за преиспитување на неговото обвинение и пресуда, пет години откако тој очина од рак.

Адвокатите на семејството поднесоа вакво барање до шкотската Комисија за преразгледување на кривични случаи во Единбург. Оваа кмисија треба да утврди дали има основа целиот случај Меграхи да му се префрли на Апелациониот суд на Шкотска, кој би расправал по жалбата на семејството.

Во 2002 година, Комисијата го одби ваквото барање на осудениот, а во 2007, кога тој имаше одново можност да го покрене својот случај, немаше барање, затоа што во тек беше постапка за негово ослободување поради здравствени причини.

Меграхи беше осуден од тројца шкотски судии на специјално уреден суд во воена база во Холандија, на 27 години затвор за поставување бомба во багажниот простор на патничкиот авион на американската компанија „Пан Америкен“.

Во експлозијата, што се случи на крајот од декември 1988 година над шкотското место Локерби, загинаа 270 лица, патници во авионот и луѓе на земјата врз кои паднаа делови на леталото.

Авионот леташе на редовната линија Лондон-Њујорк и најголем број од патниците беа Американци, главно воени лица, кои патуваа дома за Божик и Нова година,

Меграхи, кој беше оперативец на либиското разузнавање, беше единствен осуден, иако тој се до својата смрт тврдеше дека не е виновен. Затворската казна ја издржуваше во Шкотска, од каде и беше ослободен во авуст 2009 година, откако лекарите утврдија дека е неизлечиво болен. Тој почина во Триполи во 2012 година.

Жалбата со барањето за преиспитување на неговиот случај ја подржуваат и двајца родители, чии ќерки загинаа во Локреби кога делови од авионт се урнаа врз нивните куќи. Тие не веруваат во вината на Меграхи и тврдат дека тој е само „жртвено јагне“.

Во 2000 година Владата на САД, со посредство на ОН, се договори со либискиот лидер Моамер Гадафи да им се исплатат 2,7 милијарди долари отштета на сите жртви од бомбашкиот напад. Со договорот, Либија по тоа ке можеше да се врати во меѓународната заедница, но Триполи не прифати дека е виновен за падот на авионот, ниту за поставеата бомба.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска