Побарана оставка од лидерот на британските либералдемократи Ник Клег

Од:

Кандидати за пратеници и активисти на британската Либералдемократска партија побараа денеска оставка од лидерот на партијата и заменик премиер Ник Клег, обвинувајќи го за „тешкиот пораз“ на делумните локални избори во Англија и во Северна Ирска.

На изборите што се одржаа во четвртокот, либералдемократите загубија 307 советнички места во општините во кои се гласаше, како и контролата врз две општини, од кои едната во Лондон.

Политичките противници во партијата на Клег, сметаат дека тој како лидер е виновен за поразот, како и дека смената на лидерската позиција би требало сега да се изврши за да може партијата да биде консолидирана до парламентарните избори во мај идната година.

Уште пред да бидат познати конечните резултати, Клег изјави дека нема намера да поднесе оставка на лидерската функција. Според неговото објаснување поразот е последица на нездоволството на традиционалните гласачи на оваа партија, поради нејзината одлука од пред четири години да влезе во, како што велат критичарите на Клег, неприродната коалиција на либералдемократите со десничарската Конзерватвна партија на премиерот Дејвид Камерон.

Актуелниот претседавач на партијата, Тим Фарон ги отфрли барањата за оставка на Клег. Тој повика на единство во партијата и ги нарече „апсолутно апсурдни“ барањата за смена на сегашниот лидер.

Треба да сме задоволни од изборните резултати во 2010 година и учеството во владата, рече Фарон, признавајќи дека одлуката за коалиција со ториевците била „многу тешка“.

На делумните локални избори пораз доживеаја и конзервативците на Камерон кој ја загубија контролата врз 11 општини. Победи како што се очекуваше, опозициската Лабуристичка партија. Засилување на своите позиции кај гласачите во Англија забележа и евроскептичната партија УКИП, но таа и натаму нема контрола врз ниту една општина во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он