Роналд Пост, осуденик во затворот во Охајо, САД, побарал да биде поштеден од смртната казна поради неговата тежина, за да не ја скрши масата на која се извршува казната кога ќе седне на неа. Според неговиот адвокат, тој тежи 217 килограми, но затворските власти наведуваат друга бројка. Според нив, тој минатата недела имал 179 килограми.
Масата за извршување на смртната казна била тестирана од припадник на затворското обезбедување, кој имал 190 килограми и таа ја издржала неговата тежина, пишува „The Morning Journal“. Но, тежината не е единствената причина поради која Пост бара да биде поштеден од казната.
– Имајќи ја предвид неговата физичка и медицинска состојба, постои значителен ризик секој обид да биде погубен да резултира со сериозна физичка и психолошка болка за него, и извршувањето на смртната казна да се претвори во тротура, се вели во соопштението од неговите адвокати.
Пост, на возраст од 53 години, е осуден на смрт поради убиството на Хелен Ванц во 1983 година. Смртната казна треба да биде извршена на 16 јануари следната година со вбризгување на смртоносна инјекција.