По речиси 500 дена, Белгија доби влада

Од:

По 493 дена преговори и неуспешни коалициски обиди, утрово е обелоденет договор помеѓу партиите што ќе ја формираат идната федерална влада на Белгија, на нејзино чело би требало да застане фламанскиот Либерал Александер Де Кро.

Името на новата федерална коалиција е „Вивалди“, и е составена од седум партии – Либералите, Социјалистите и Еколозите од двете страни на јазичната граница.

Во текот на денот треба да бидат објавени министерските портфолија и имиња. Според информациите на дневниот весник „Слободна Белгија“, Александар Де Кро ќе го добие премиерското место, иако информацијата сè уште не е потврдена официјално. Последните информации беа дека трката помеѓу Де Кро и социјалистот Пол Мањет е сè уште актуелна.

Се очекува новата влада да има четиринаесет министри покрај премиерот и неколку државни секретари.

Последните парламентарни избори во Белгија се одржаа на 26 мај 2019, заедно со изборите за Европскиот Парламент. Неколку месеци претходно, федералната власт ја напушти една од коалициските партии поради несогласувања околу миграциските прашања, оставајќи на функција малцинска влада со тесен простор за одлучување.

Белгија беше без функционална федерална власт речиси 500 дена, што не е рекорд за оваа земја во која институционалната и политичката комплексност редовно предизвикува кризи.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски