По речиси 50-годишен спор Канада и Данска поделија мал арктички остров

Од:

Данска и Канада ќе го поделат на еднакви делови малиот ненаселен остров на Арктикот, познат како Ханс Ајленд, со што ќе се стави крај на речиси 50-годишниот спор околу сопственоста на оваа територија, соопшти денеска данското Министерство за надворешни работи.

Канада и Данска ќе го поделат островот од 1,2 квадратни километри, што се наоѓа на исто растојание меѓу Гренланд и канадскиот остров Елзмирн, на два речиси идентични делови по природниот расцеп, пренесуваат британските медиуми.

Се наведува дека договорот официјално ќе го потпишат министрите на двете земји по одобрувањето од парламентот.

Се додава дека станува збор за главно симболичен дипломатски чин, со цел да се избегнат тензиите на далечниот север.

Некои сметаат дека тоа е знак за приближување на арктичките НАТО држави, бидејќи конфликтот во Украина предизвика загриженост за безбедноста по децении мир во регионот.

Британските медиуми наведуваат дека двете членки на НАТО се во бенигна кавга околу Ханс Ајленд уште од 1971 година.

Се наведува дека ниту една земја не знаела за претензиите врз островот на другата страна сè до билатералниот состанок во 1971 година на кој се разговарало за територијалните граници.

Од 1980-тите, официјални лица, научници и војници од Данска и Канада го посетуваат островот, наизменично го отстрануваат знамето на друга земја и го креваат своето.

Се посочува дека двете земји во 2018 година одлучиле да формираат заедничка работна група за решавање на спорот, со цел да ја прекинат својата децениска политика на „договарања да не се договорат“.

Островот го добил името по гренландскиот истражувач Ханс Хендрик, кој учествувал во првата експедиција на островот во 1853 година, а на гренландски е Тартупалук, што значи „во форма на бубрег“.

Дури станала и традиција посетителите да оставаат шише канадско виски или данска ракија за нивните ривали да ги најдат при нивната следна посета, пишуваат медиумите.

Британските медиуми потсетуваат дека Кралството Данска управува со Гренланд како автономна територија, на која и отстапи одредени области како надворешната и безбедносната политика.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација