По поскапувањето на бензинот и воведувањето ДДВ, саудискиот крал нареди зголемување на платите

Од:

Како компензација за поскапувањето на животот откако беа зголемени цените на бензинот и воведен ДДВ од пет отсто, саудискиот крал Салман објави исплаќање по 1.000 риали (267 долари) месечно за државните службеници.

Со истиот указ се наредува и исплаќање по 5.000 риали за војниците на фронтовите.

Во Саудиска Арабија речиси двојно се зголеми цената на бензинот и се воведе ДДВ од пет отсто за голем број стоки и услуги.

Според указот, „новите мерки се компензација со признавање за зголемено бреме во некои сегменти од животот на населението како резултат од неопходни мерки преземени од владата за преструктуирање на економијата“.

Кралот наредил државата да преземе обврска за ДДВ во некои ситуации како – специјални здравствени и образовни услуги, и при прво купување дом до 226.000 долари. Стипендиите и пензиите како и социјалната помош исто така се зголемуваат.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика