По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Од:

Емир Селимовиќ, 38-годишен маж, осомничен за убиство на сопругата и синот во Калесија, кај Тузла во Босна и Херцеговина, е уапсен по петдневна потера, јавува порталот АТВ.

Припадниците на МВР на Република Српска го пронашле во селото Горна Мравица кај Прњавор, каде во четвртокот било откриено и неговото возило. Според неофицијални информации, Селимовиќ бил забележан од мештаните кои и веднаш ја известиле полицијата, по што набрзо бил уапсен.

Телата на неговата сопруга Инела Селимовиќ (37) и нивниот тринаесетгодишен син беа пронајдени на 12 февруари во нивниот заеднички стан во Калесија. Се верува дека Емир Селимовиќ ги задавил.

По убиството, Селимовиќ побегна со автомобил „шкода фабија“. Автомобилот подоцна е пронајден во селото Горна Мравица кај Прњавор, но осомничениот се уште беше во бегство. Според извештаите, Селимовиќ бил виден на камерите во Челинац кај Бања Лука за време на неговото бегство.

По опсежна потрага тој е лоциран и уапсен во село Горна Мравица.

Според достапните информации, претходно немало пријави за семејно насилство во ова семејство.

Би можело да ве интересира

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он