По мега-земјотресот во Русија: Нова вулканска ерупција во Азија, столб од пепел висок над 10 километри

Од:

Вулкан еруптираше на планината Левотоби Лаки-Лаки во индонезиската покраина Источна Нуса Тенгара, исфрлајќи столб од пепел во висина од над 10 километри, соопшти Индонезиската агенција за вулканологија.

Во последните месеци имаше неколку ерупции, вклучувајќи ја и една на почетокот на јули кога исфрли пепел во висина од 18 километри, што го наруши воздушниот сообраќај кон и од блискиот остров Бали, објави Ројтерс.

Вулканолошката агенција ги предупреди луѓето да останат на шест до седум километри оддалеченост од кратерот и да бидат внимателни на ризикот од лизгање на земјиштето во случај на обилни дождови.

Ерупцијата на вулканот се случи само неколку дена откако мегаземотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Камчатка, по што следеше и вулканска ерупција на рускиот Далечен Исток.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Руте: Русија останува најзначајната и најдиректна закана за нашата безбедност