По Крајстчрч, Новозеланѓаните предадоа повеќе од 10 илјади парчиња оружје

Од:

Новозеланѓаните предадоа повеќе од 10.000 пушки, делови од оружје и опрема во првите недели на акцијата што ја покрена државата по масовното убиство во џамијата во Крајстчрч.

Промените во Законот за поседување оружје го забранува полуавтоматско оружје, како и делови што го претвораат оружјето во полуавтоматско и некои пушки.

Сопствениците имаат краен рок до 20-ти декември да го предадат своето оружје, а Владата одвои повеќе од 140 милиони долари за надомест.

Досега повеќе од 2.000 луѓе предадоа 3.275 оружја, 7.827 парчиња и додатоци, а за возврат властите платиле нешто повеќе од 4 милиони долари, изјави портпаролот на полицијата за Ројтерс.

Полицијата е задоволна од одговорот на граѓаните, бидејќи само 684 луѓе денеска беа предадени 1.061 пушка и 3.397 парчиња оружје низ целата земја.

Со помалку од пет милиони жители и 1,5 милиони парчиња оружје, Нов Зеланд е рангирана на 17-то место во светот според бројот на оружје што го поседуваат цивили.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски