По грешка пуштен во употреба сајтот за „избраниот претседател Ромни“

Од:

Соработниците на Мит Ромни по грешка на интернет го активираа однапред подготвениот сајт на Ромни како новозибран претседател на САД.

Републиканскиот претседател Ромни на претседателските избори изгуби, но по се изгледа ништо не беше оставено на случајноста.

Сајтот беше пуштен во вторникот вечерта на кратко, но набрзо беше и изгаснат. Сепак не помина без да биде забележан.

„Возбуден сум поради нашите шанси како нација. Мој приоритет ќе биде луѓето во Америка да ги вратам на работа“, пишуваше на насловната страна на сајтот.

Под сликата на Мит Ромни со американско знаме беше наведен и неговиот слоган „Помала, поедноставна, попаметна: Верувам во Америка“.

На сајтот беше најавена и инаугурацијата на новиот претседател на 21. јануари 2013. година.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

САД поддржуваат две постојани места за африканските земји во Советот за безбедност на ОН

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи

Зеленски: Имам план за победа, ќе ја принудам Русија да ја прекине војната

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД