По цел еден век, германската армија вработи рабин како верски советник

Од:

За првпат по сто години и 76 години од крајот на холокаустот, денеска е именуван рабин како верски советник во германската армија.

Золт Бала (42) рабин од германската сојузна држава Саксонија, денеска е именуван за советник во германската војска. Тој е татко на три деца, а во Германија се преселил од Унгарија во 2002 година.

Бала истакна дека е свесен за „историската одговорност“ при служењето на верските потреби на војниците од еврејската вера.

Бала, кој останува на сегашната функција во Лајпциг, има намера да се бори против антисемитизмот и сите други форми на расизам, со цел „воспоставување на подобро германско општество“.

Претседателот на Централниот совет на Евреите, Јозеф Шустер, го поздрави назначувањето на Бала истакнувајќи дела „во армијата нема место за политички екстремизам и нетолеранција“.

– Именувањето е силен политички знак против антисемитизмот, не само во нашите трупи, туку и во целото општество, истакна владиниот комесар за антисемитизам Феликс Клајн.

Во германската армија свештениците обезбедуваат верски услуги за 94.000 христијански војници. Верските советници нудат совети за етички прашања и ги водат војниците за време на обуката.

По Првата светска војна, немаше повеќе еврејски религиозни советници.

Во изминатите години имаше неколку случаи во кои припадници на германската армија, посебно на специјалните сили, изразуваа ултрадесничарски и неонацистички ставови.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“