По апсењето на Данијела Клете, германската полиција трага по уште двајца терористи

Од:

По апсењето на поранешната терористка на РАФ, Данијела Клете, истражителите ја продолжуваат потрагата по уште двајца поранешни членови на групата.

Специјалните единици на германската полиција изведоа голема операција во врска со потрагата по двајца поранешни членови на поранешната терористичка организација Фракција на Црвената армија (РАФ), позната и како групата Бадер-Мајнхоф.

Како што пренесува RND, во операцијата на автопатот 5 јужно од Дармштад, меѓу другите учествувале и специјални сили, соопшти портпаролката на Државната криминалистичка полиција на Долна Саксонија.

Немаше апсења или приведени, а еден кампер е извлечен од местото на настанот. Портпаролката на полицијата првично не соопшти никакви детали за возилото.

Минатиот понеделник во Берлин беше уапсена поранешната терористка на РАФ, Даниела Клета. 65-годишната се криеше повеќе од 30 години, како и уште двајца членови на РАФ, Ернст-Волкер Стауб (69), кој неодамна беше уапсен и Буркхард Гарвег (55).

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот