Меркел по десетти пат на врвот на листата на Форбс на најмоќни жени

Од:

Списанието Форбс го објави списокот на 100 најмоќни жени во светот, а германската канцеларка Ангела Меркел се најде на првото место, десетта година по ред.

На второ место е шефицата на Европската централна банка, Кристин Лагард, а на трето е Камала Харис, новата потпретседателка на САД. Првата жена, која воедно е и првата Афроамериканка и првата Американка со азиско потекло која е избрана за потпретседателка на САД, по првпат се најде на листата на најмоќни.

На четвртото место е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а на 18-то место е директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.

Најмоќните жени на годишна листа на Форбс доаѓаат од 30 земји, а меѓу нив има и10 шефици на држави и 38 од деловниот свет. Тука се и сопругата на милијардерот Бил Гејтс, Мелинда Гејтс, ТВ ѕвездата Опра Винфри, кралицата Елизабета Втора, претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн, пејачките Ријана и Бијонсе.

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел