ПЛО до Трамп: Заканите нема да не обесхрабрат

Од:

Палестинската ослободителна организација (ПЛО) оцени дека нема да ги обесхрабри заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја прекинат помошта за земјите кои во Генералното собрание на ОН ќе гласаат за осуда на неговата одлука за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.

– Претседателот Трамп би требало да знае дека постојат работи кои не се на продажба, ниту се предмет на уцена. Особено работи поврзани со принципите, правдата и моралот, се вели во соопштението на Извршниот комитет на ПЛО.

Во соопштението ПЛО оценува дека САД со своите постапки само ќе ги изолираат процесите и политиките на глобално ниво.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп