Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Од:

Пакистански државјанин кој живее во Канада е уапсен и обвинет за планирање напад во Њујорк врз Еврејски центар, соопшти американското Министерство за правда.

Мухамед Шахзеб Кан (20) е обвинет за планирање напад на Еврејскиот центар во Бруклин на 7 октомври 2024 година, една година по нападот на Хамас врз Израел во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Државниот обвинител Мерик Гарланд рече дека Кан, кој е познат и како Шахзеб Џадун, имал за цел да убие „што е можно повеќе Евреи“. Според обвинението, Кан се обидел да отпатува од Канада во САД, каде што имал намера да употреби автоматско и полуавтоматско оружје за да го изврши нападот.

Канадската полиција соопшти дека го уапсила Кан во Ормстаун, Квебек, јужно од Монтреал. Кан треба да се појави пред судот во Монтреал на 13 септември. Тој им кажал на двајца тајни полицајци за неговите планови да создаде „вистинска ќелија“ на поддржувачи на Исламската држава за извршување напади, се наведува во обвинението.

Тој им наредил да набават пушки, муниција и други материјали за да го извршат нападот, а идентификувал и конкретни локации за извршување на нападот. Кан го избра Њујорк затоа што има „најголема еврејска популација во Америка“, рекоа обвинителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво

Тајмс: Путин се обиде да манипулира или измами пет американски претседатели