Планета на која може да има живот на само 12 светлосни години од нас

Од:

Планета, на која може да има живот, обиколува во орбитата на ѕвезда-близнак на Сонцето. Ѕвездата е видлива со голо око од Земјата и е на само 12 светлосни години од нас, соопштува dailymail.co.uk. Веста беше објавена претходно во текот на денот и допрва ќе предизвика сериозна дискусија, бидејќи откритијата на научниците изгледаат многу ветувачки.

Планетата е една од петте кои кружат околу Тау Цети, ѕвезда, која се наоѓа само на 12 светлосни години од нашата планета и скоро е идентична на Сонцето. Според пресметките на астрономите, планетите околу Тау Цети се од два до шест пати поголеми од Земјата.

Една од нив, чија маса е пет пати поголема од онаа на нашата планета “лежи” во “зона погодна за живеење” на ѕвездата. Позната и како “Goldilocks zone”, тоа е орбитална зона, која не е ниту премногу топла, ни премногу ладна за да биде можно постоење на вода во течна состојба на планетата, а со тоа и живот.

Научници од Австралија, Велика Британија, Чиле и САД ги откриле планетите, а за таа цел тие користеле специјална техника, која ги комбинира податоците од над 6.000 вселенски истражувања на три различни телескопи.

Тие го користеле методот на радијална брзина, кој бара “непостојаност” во движењето на ѕвездата предизвикано од гравитационото тежнеење на планетата.

Тау Цети може да се види во соѕвездието Кит. Детали за откритието ќе бидат објавени во списанието Astronomy & Astrophysics.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата