ПКК: Турција го прекрши примирјето

Од:

Со воздушните напади врз група курдски борци, турската армија го прекрши примирјето договорено во рамки на мировниот процес, соопшти денеска сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК).

Во соопштението на ПКК се наведува дека нема жртви при нападот врз нејзините припадници во реонот на Даглаџа во провинцијата Хакќари.

Турските медиуми денеска објавија дека турските сили во текот на викендот извршиле напади врз група вооружени припадници на ПКК.

Со воздушните напади и е нанесен тежок удар на ПКК, наведува весникот „Хуриет“, додавајќи дека ударот е извршен три дена по артилерискиот напад на курдските борци врз воен пунт во Хакќари.

Турската амрија засега не ги коментираше тврдењата за напади врз припадници на ПКК.

Би можело да ве интересира

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска

Силите на сириските Курди се огранок на ПКК, изјави претставник на САД

Наум Локоски