ПКК ја интензивира борбата против Турција по апсењето пратеници

Од:

 Курдското малцинство во Турција треба да се „крене“ против владата, оцени политичкото крило на Курдската работничка партија (ПКК) – Сојуз на курдските општини, обвинувајќи го претседателот Реџеп Таип Ердоган дека се обидува да создаде „нов владејачки систем”, пренесе ДПА.

„Курдскиот народ треба да се „крене“ во сите поголеми и помали градови… Денеска е денот за отпор. Денеска е денот да се соочиме против оние кои сакаат да го уништат самото постоење на Курдите”, се наведува во соопштението објавено од прокурдската агенција Фират њуз.

Истовремено, командантот на ПКК Мурат Карајилан, преку видео порака, објавена на сајт близок до ПКК, изјави дека вооружената група ќе ја зајакне борбата против Турција по апсењата на прокурдски политичари.

Тој истакна дека е „многу важно” курдскиот народ да реагира против приведувањето пратеници од прокурдската Демократска партија на народите (ДПН).

Двајцата копретседатели на прокурдската формација, која е трета по големина политичка сила во земјата, и уште десет пратеници од ДПН беа приведени поради одбивање да сведочат за злосторства, определени како „терористичка пропаганда”.

ПКК се смета за терористичка организација од страна на Турција, САД и Европската унија.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска