Курдската работничка партија (ПКК) денеска ги повикаа сите Курди да се кренат против борците од радикалната група „Исламска држава“, која делува во Северен Ирак.
Повикот беше упатен откако сунитските борци зазедоа курдска територија во Северен Ирак, вклучувајќи го и градот Синџар.
Сите Курди на север, исток, југ и запад треба да се кренат против исламистите во Синџар, се наведува во соопштението на ПКК, која 30 години се бори за автономија на регионот на југоисточна Турција, населен главно со Курди.