Пјонгјанг: Заедничките вежби на САД и Јужна Кореја се лош избор

Од:

Северна Кореја денеска ги нарече „лош избор“ заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја во близина на Корејскиот полуостров, објави официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА.

– Овие вежби се многу опасни и лош избор, изјави секретарот на Централниот комитет на Работничката партија, Парк Јонг-Чон.

Вашингтон и Сеул нагласуваат дека вежбите се од целосно одбранбен карактер, но Северна Кореја ги смета за генерална проба „за идна инвазија“ на нејзините територии.

Северна Кореја денеска лансираше три нови ракети, вклучително и интерконтинентална балистичка ракета (ICBM). Вчера Пјонгјанг лансираше 23 проектили, од кои еден падна недалеку од територијалните води на Јужна Кореја.

Сеул возврати со лансирање на три проектили во морето, а јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ја осуди „провокацијата“ на Пјонгјанг, велејќи дека тоа е „де факто територијална инвазија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он