Пјонгјанг ја критикува расправата во ОН за човековите права

Од:

Пјонгјанг ја осуди расправата во Советот за безбедност на ОН за кршење на човековите права во Северна Кореја, нарекувајќи ја сквернавење на Повелбата на светската организација.

Претставникот на Пјонгјанг во ОН во соопштение ги обвини САД дека се обиделе да „го разнишаат државниот систем“ на Северна Кореја, јави ТАСС.

Северна Кореја, исто така, повика да се разгледа извештајот за грубите техники на испитување кои со години ги спроведуваше ЦИА врз осомничени за тероризам.

Распрвата во СБ на ОН за извештајот на истражната комисија, што содржи непотврдени информации, претставува „сквернавење на Повелбата на ОН“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

ВИДЕО: Северна Кореја се обиде да лансира шпионски сателит, не успеа

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета