Писториус: Турција стана важен актер во Сирија

Од:

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Турција стана важен актер во Сирија по повлекувањето на Иран и Русија од регионот.

Писториус ова го изјави по средбата со претседателот на Регионалната влада на Ирачки Курдистан (КРГ) Нечирван Барзани во Ербил, каде што престојуваше како дел од своите дипломатски контакти во Ирак, јавува Анадолија.

Министерот нагласи дека Германија продолжува да му дава поддршка на Ирак во борбата против Исламската држава и додаде дека поддршката на КРГ и Ирак во оваа борба ќе продолжи.

Зборувајќи за ситуацијата во Сирија, Писториус рече дека Турција како членка на НАТО во регионот стана значаен фактор по повлекувањето на Иран и Русија.

Во официјалното соопштение на КРГ, се наведува дека Барзани и Писториус разговарале за актуелните настани во Сирија, потенцијалните влијанија врз мисијата на меѓународната коалиција против ИД, како и за општата ситуација во Ирак.

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат