Медицинската сестра, Кејси Хикокс, која од Сијера Леоне се врати во САД и се наоѓа во изолација во болница во Њу Џерси, напиша писмо до јавноста во кое остро го критикува третманот на кој ја изложиле американските власти.
Со оглед на тоа што три американски сојузни држави, одредија задолжителен карантин за сите кои ќе дојдат од заразените подрачја, таков третман доби и Кејси која иако е негативна на вирусот, сепак мора да остане во изолација.
-Ова не би му го посакала на никого и стравувам за оние кои ќе дојдат по мене-вели таа и додаде дека се чувствува како криминалец.
По пристигнување во САД била сопрена на аеродромот во Њу Џерси, каде што со часови ја испрашувале службеници во заштитни униформи. Бидејќи била вознемирена лицето и поцрвенело и службениците се посомневале дека има зголемена температура.
По три часа била однесена во болница, каде што анализите покажале дека нема ебола, но сепак морала да биде во изолација.
-Цел месец сама гледав како деца умираат. Сведочев на човечки трагедии кои се одвиваа пред моите очи. Се обидував да помогнам кога поголем дел од светот само гледаше и ништо не превземаше – вели Хикокс,
Таа додава дека во тишина во изолацијата низ главата и поминуваат неодамнешните трагични настани на кои сведочела.
-Се сетив на последната ноќ во центарот за лекување на ебола во Сијера Леоне. Ме повикаа во полноќ, бидејќи 10-годишно девојче имаше напади. И ставав искршени таблетки во усните, додека телото и се свиткуваше во креветот. Тоа беше најтешката ноќ во мојот живот. Гледав како девојчето умира во шаторот, далеку од своето семејство – пишува медицинската сестра во своето писмо до јавноста.
Е. Г.