Пирс Морган нема да биде домаќин на емисијата „Добро утро, Британија“, чека резултати за Ковид-19

Од:

Познатиот новинар Пирс Морган изјави дека утре нема да биде домаќин на познатата емисија „Добро утро, Британија“, бидејќи направил тест за коронавирус.

Презентерот на Ај-Ти-Ви изјавил дека има „благи симптоми на Ковид-19“ и дека нема да работи на шоуто сè додека не ги добие резултатите.

„Ќе ги послушам медицинските совети и ќе бидам претпазлив, поради благите симптоми на Ковид-19 што го имав во изминативе 48 часа и нема да бидам домаќин на шоуто додека не ги добијам резултатите, кои би требало да бидат готови утре“, напиша тој на „Твитер“.

Морган стана отворен критичар на Владата на Велика Британија поради коронавирусот, обвинувајќи ги министрите дека сосема неподготвени ја дочекале епидемијата.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он