Пирати нападнаа синоќа сингапурски нафтен танкер во протокот Малака, киднапираа тројца индонезиски морнари и одзедоа дел од товарот на бродот, соопшти Меѓународната канцеларија за морска пловидба.
Нападот се случил покрај малезискиот брег, а танкерот пловел кон Мјанмар.
Пиратите ги заврзале членовите на екипажот и за околу осум часа успеале да преточат голем дел од горивото.
Во моментов танкерот е во пристаништето Пулау Ангса. Крајбрежната стража на Малезија трага по пиратите.