Пијан полицаец во Женева пукал и ранил колега

Од:

Пијан полицаец во Женева пукал седум пати со службеното оружје во полициска станица и ранил колега во стапало, соопштија денеска локалните власти во Швајцарија.

Полицаецот, кој припаѓа на бригадата за борба против наркотици, отвори оган додека бил внатре во просториите на неговата бригада во полициска станица во центарот на Женева, соопштија властите без да прецизираат детали бидејќи истрагата е во тек.

Мажот „под дејство на алкохол“ пукал седум пати од службеното оружје во присуство на петмина колеги.

„Едниот беше погоден во стапалото и мораше да му биде извршена операција“, соопшти локалното обвинителство, додавајќи дека полицаецот бил сослушан и пуштен на условна слобода.

Би можело да ве интересира

Стартуваше новата авиолинија Скопје – Женева

А1он

(ВИДЕО) Женева пред средбата Бајден-Путин: Блокирани улици, оклопни возила, снајпери

Катерина Ѓуровски

Жерновски во Женева на 40-та сесија на Советот за човекови права на ОН

Владина делегација на одбрана на VI-ти Периодичен Извештај по Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената во Женева

Наум Локоски

(ВИДЕО) Филипче: Резистентноста на антибиотици меѓу најголемите закани за здравјето

Наум Локоски

(ВИДЕО) Анѓушев и Филипче на Светскиот инвестициски форум: Македонија е стабилна земја со добри услови за водење бизнис

Наум Локоски