Владина делегација на одбрана на VI-ти Периодичен Извештај по Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената во Женева

Од:

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска присуствуваше на одбрана на VI-ти Периодичен Извештај по Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената во Палатата на Нациите, во Женева, Швајцарија.

Во состав на делегацијата беше и Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, како и пратеничката од Собранието на Република Македонија, Јулијана Николова.

Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената упати честитки за досегашните спроведени реформи и посветеноста на Владата на Република Македонија за родовата еднаквост, елиминација на сите форми на дискриминација врз жената, вклучително и семејно насилство, сексуалното и репродуктивно здравје и права, како и акции спроведени за да обезбедат рамноправност на мажите и жените во поглед на сите економски, општествени, културни, граѓански и политички права.

Г-ѓата Ачар од Турција, која што е неколкугодишен член на комитетот, во своето завршно обраќање потенцираше:

“Би сакала да го употребам ова мое последно обраќање како член на овој комитет да потенцирам дека ми е драго што мојот последен состанок на кој учествувам е со држава на страна на оваа конвенција – таа држава е Македонија – која што покажува толку силен политички ангажман и волја да ги спроведе сите елементи на конвенцијата. Како што знаеме, не секогаш е тоа така, и затоа би сакала навистина да ја пофалам Македонија за покажаната силна политичка волја.“

Министерката Мила Царовска, во своето обраќање истакна дека со конкретни чекори и следни активности покажуваме силна волја, мотивација и посветеност да спроведуваме родово-одговорни политики во партнерство со граѓанскиот сектор. “Родовата еднаквост е заедничка обврска и приоритет на Владата на Република Македонија. Родовата еднаквост е дел од Програмата за работа на Владата 2017-2020 и исто така е обврска од Агендата за одржлив развој до 2030 година како на национално така и на локално ниво. Tоа e концептот по кој Република Македонија чекори до конечно постигнување на еднаквоста во општеството.”

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, даде осврт на состојбите во изминатите години кои го уназадија сексуалното и репродуктивното здравје и како последица на тоа имавме висока стапка на мајчина и новороденечка смртност, како и висок процент на смртни случаи како последица на рак на дојка и рак на грлото на матката. Филипче во својот говор истакна: ,,Зајакнување на капацитетите со нова и современа опрема, подобрување на условите за работа, користење на експертско знаење и работа со наши стручњаци, воведување на нови онколошки лекови и помагала, осовременување и подобрување на вакцинацијата и реформи на примарната здравствена заштита се мерки кои вродија со плод. Имаме намалување од 7 проценти на новороденечката смртност, работиме на развивање мобилни гинеколошки услуги за ранливите групи на граѓани во руралните места и обезбедуваме ефикасно и ефективно остварување на сексуално и репродуктивно здравје за сите. Со измени на Законот за прекинување на бременоста ќе се оствари правото на жената на безбеден абортус и нејзината волја ќе биде на прво место. Владата на Република Македонија усвои и акциски план за СРЗ 2018-2020 за спроведување на мерки и акции во неколку клучни стратешки цели со кои ќе обезбедиме поврзување на целите и резултатите кои произлегуваат од Агендата за одржлив развој на Обединетите Нации 2030”.

Би можело да ве интересира

Мицкоски зборува за промената на името, ама не го враќа старото име на државата, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши

(ВИДЕО) Филипче: Власта шверцерски сака да ја укине техничката влада

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска