Петр Нечас бара да биде сослушан во врска со аферата на негови блиски соработници

Од:

Чешкиот главен обвинител Иво Иштван изјави дека ќе бидат сослушани сите луѓе чии изјави може да придонесат за расветлување на аферата со блиската соработничка на чешкиот премиер во заминување Петр Нечас, јави дописникот на МИА од Прага.

Нечас од своја страна соопшти дека самиот се понудил и го повикал Обвинителството и тој да сведочи и да понуди релеватни информации за да не се случи поради тоа да биде продолжен притворот на седум лица кои се сомничат за вмешаност во корупциска афера и противправно следење и прислушување.

– Добив некои информации дека судијата го оправдува притворот на осомничените со потребата за сослушување на претседателот на Владата. Си дозволувам да ги известам истражните органи дека јас целосно сум достапен за било какво сведочење, напиша Нечас.

Во корупциската афера, која има и приватни елементи на следење на сопругата на премиерот, покрај Јана Нагиова, шеф на Кабинетот на премиерот, се осомничени и притворени уште шест лица.

Поради аферата на неговата најблиска соработничка, Нечас неодамна поднесе оставка од премиерската функција, а се откажа и од лидерската функција на Граѓанската демократска партија (ОДС).

Според полицијата, Нечас се сомничи за наводна политичка корупција, односно за потплаќање на тројца пратеници да се откажат од своите мандати, додека во случајот со следењето најверојатно не е вклучен.

Во притвор се пратениците од ОДС, Марек Шнајдер, Петр Тлухор и Иван Фукса, кои се под сомнение дека се откажале од мандатот заради стекнување противправна имотна корист.

Во врска со ова обвинување се сомничат и поранешниот заменик-министер за земјоделство Роман Бочек и Нагиова. Нагиова со тројца припадници на Военото разузнавање, фигурира и во случајот за неосновано следење на владини службеници и сопругата на премиерот.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски