Петмина убиено меѓу нив и дете во напад врз градот Прилуки

Од:

Пет лица се убиени, меѓу кои и едногодишно дете, а шест други се ранети во рускиот напад врз градот Прилуки, во Черниговската област, изјави гувернерот на регионот, Вјачеслав Чаус.

– Непријателот го нападна градот Прилуки со беспилотни летала. Куќите во станбена зона беа оштетени од експлозии, рече Вјачеслав Чаус, објави Укринформ.

Според него, меѓу загинатите се две жени и едногодишно дете кое беше пронајдено под урнатините.

Исто така, има информации за шест повредени лица, кои се хоспитализирани во локалните болници и им е пружена целата потребна помош.

Полицијата, спасувачите и другите служби за итни случаи се на местото на нападот.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски