Петчлено семејство меѓу жртвите во големата трагедија во Италија

Од:

Брачен пар, нивното дете и родителите на сопругот, загинаа во големата несреќа што се случи вчера на северот на Италија кога кабина се откажи од жичница. Петте члена на ова семејство се меѓу 14-те жртви на трагедијата.

Најмладата жртва е двегодишниот Том Бринан. Тој заедно со родителите, бабата и дедото и братот биле на излет. Братот на Том е едниственот преживеан по падот на кабината, се наоѓа во болница и се бори за живот со тешки повреди на главата, телото и на нозете.

Во моментот на падот во кабината имало 15 лица. спасувачите работеа во тешки услови поради непристапноста на теренот. Две деца беа пронајдени живи и пренесени во болница во Торино, едното почина по неколку часа.

Засега нема официјална потврда за причината за несреќата, но се претпоставува дека откажал еден од каблите кои ја држеле кабината.

Меѓу жртвите покрај Италијанци имало и странски државјани јавуваат италијанските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он