ВИДЕО: Пет жртви во налет на торнадо во Оклахома

Од:

Жестока бура предизвика синоќа низа торнада кои го погодија Оклахома Сити, во кој загинаа пет луѓе додека голем број возачи на камиони се „заробени“ на автопатишта.

– Меѓу загинатите се мајка и дете кои настрадале откако на автопат, западно од Оклахома Сити нивниот автомобил бил уништен од бурата, изјави портпаролка на полицијата од тој град.

Автопатот е затворен по низа судари и повреди. Во болница се примени околу 50 луѓе со повреди од налетот на невремето, од кои петмина се во критична состојба.

Удари на торнадо се регистрирани во гратчето Мор кое пред десетина дена беше центар на најсилен удар во кој 24 луѓе загинаа.

Властите стравуваа дека голем број луѓе особено возачи на камиони се на автопатишта и ги повикаа што е можно побргу да заминат во засолништа заради опасност од нов удар на торнадо.

[nggallery id=194]

Аеродромот во Оклахома Сити е затворен и 1.200 луѓе кои биле во него се префрлени во засолништа. Околу 70 илјади луѓе се без струја во и околуградот. Метеоролозите прогнозираат дека невремето може да се пренасочи кон Мисури и Арканзас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Десетици торнада ги разорија јужните делови на САД, најмалку петмина мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, две се деца

Катерина Ѓуровски

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе