Пет лица загинаа во насилства во либискиот град Бенгази

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а девет беа ранети во либискиот град Бенгази, откако синоќа таму избувнаа борби меѓу силите за безбедност и непријателските милиции, соопштија болнички извори.

Силите, верни на поранешниот либиски генерал Халифа Хафтар, стрелале бази на исламистички милиции како дел од кампањата на Хафтар да ги прогони милициите од Бенгази.

Имало вооружен судир и меѓу специјални сили и борци на милициите.

Три години по соборувањето на Моамер Гадафи Либија се наоѓа во хаос, со слаба влада и нова армија, која не е во состојба да ги контролира бригадите од поранешни бунтовници и милициите.

Би можело да ве интересира

Поплави во Бенгази, затворен аеродром и главните сообраќајници

Наум Локоски

Најмалку 17 загинати во најновите судири во Бенгази

Емир Латифовиќ

Исламските милиции во Либија тврдат дека го зазеле Бенгази

А1он

11 загинати во немирите во Бенгази

Емир Латифовиќ

Идентификувани напаѓачите на амбасадата на САД во Бенгази

Ана Ололовска

Ал Каеда повика на џихад против САД и Израел

Кејт Мидлтон