Најмалку 17 загинати во најновите судири во Бенгази

Од:

Најмалку 17 лица загинаа во последново деноноќие во судири меѓу либиската армија и исламистичките милитантни групи во вториот по големина град во Либија, Бенгази.

Медицинскиот центар во Бенгази информира дека претпладнево биле примени шест тела на загинати, со што вкупниот бројт на жртви во поседниве 24 часа достигнал 17 лица.

Во соопштението не се посочува дали загинатите се припадници на милтантните групи или цивили.

Од јули Бенгази е под контрола на коалицијата на исламистички милитантни групи, предводена од терористичката организација „Ансар ал Шарија“. Набрзо по преземањето на контролата над Бенгази од страна на милитантите, силите на одметнатиот либиски генерал Халифа Хафтар започна офанзива против исламистите.

Би можело да ве интересира

Поплави во Бенгази, затворен аеродром и главните сообраќајници

Наум Локоски

Исламските милиции во Либија тврдат дека го зазеле Бенгази

А1он

Пет лица загинаа во насилства во либискиот град Бенгази

Емир Латифовиќ

11 загинати во немирите во Бенгази

Емир Латифовиќ

Идентификувани напаѓачите на амбасадата на САД во Бенгази

Ана Ололовска

Ал Каеда повика на џихад против САД и Израел

Кејт Мидлтон