ВИДЕО: Пет лава побегнале од кафез во зоолошката градина во Сиднеј, чуварите ги засолниле посетителите

Од:

Пет лава рано утринава успеале накратко да побегнат од зоолошката градина Таронга во Сиднеј  којауспеа навреме да алармира и да ги засолни посетителите. Биле видени надвор од заградениот простор во 6:30 часот по локално време, иако тие сè уште биле во областа оградена од остатокот од зоолошката градина. Чуварите  успеале да вратат едно младенче, а другите сами се вратиле.

Зоолошката градина соопшти дека за помалку од 10 минути им соопштиле на посетителите дека лавовите избегале, а потоа потврдиле дека лавовите се вратиле во нивната куќа до 9 часот наутро, објавија локалните медиуми. Никој не е повреден, а зоолошката градина се отвори како и обично.

„Зоолошката градина има многу строги безбедносни протоколи за таков инцидент и беше преземена итна акција“, рече извршниот директор на зоолошката градина Таронга, Сајмон Дафи на прес-конференција.

Во зоолошката градина била повикана полиција, а персоналот ги оддалечил посетителите подалеку од потенцијална опасност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пронајден е лавот кој побегна од циркус во близина на Рим

Во Италија: Лав избега од циркус, се молат жителите да останат дома

Горан Наумовски

Пронајден лав на пат во Суботица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фатен лавот што шеташе низ Будва

А1он

ВИДЕО: Лав го нападна тренерот, едвај успеа да се спаси

Предраг Петровиќ

Лав во Чешка го уби својот сопственик