ВИДЕО: Лав го нападна тренерот, едвај успеа да се спаси

Од:

Лав го нападна тренерот Хамад Коут во текот на циркуската претстава во Луганск во Украина.

Лавот го загриза за раката, ногата и грбот и го држеше неколку секунди. Тренерот за среќа, успеа да се ослободи. Нападот во публиката го гледаа и деца. Тренерот кој е по потекло од Египет, а работи во циркузот повеќе години. Лавот потоа се повлече и се врати во кафезот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=5&v=tNrnMlqxz0w

-Го пивикав лавот и тој ме нападна. Го сопрев, но лавот не сакаше да се врати на својата позиција. Ми ги повреди раката, ногата и грбот. Имам рани и длабоки гребаници. Со мирен глас ги повикав лавовите да се вратат во кафезите, а потоа ја смирив публиката и го почнав настапот повторно. Лавовите беа немирни бидејќи претставата почна веднаш откако дојдовме на нова локација и не стигнаа да се прилагодат, рече Коут.
Тој објаснува дека се работи за десет лавови.

-И тие може да бидат лошо расположени исто како луѓето. Кога ќе се разбудат лошо расположени, такви се по цел ден. Со некој можеш да бидеш пријател, па да ти забие нож во грбот. Предаторите се поинакви. Тие никогаш не лажат. Постои линија која никогаш не смеете да ја преминете со нив, бидејќи тогаш ќе биде лошо. Кога лав ќе нападне тренер, во 99 од 100 случаи, виновен е тренерот. Но тие се мои деца, знам и кога ќе ме нападнат дека тоа нема да заврши фатално. Нив повеќе им верувам отколку на луѓето, кажа Коут.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пронајден е лавот кој побегна од циркус во близина на Рим

Во Италија: Лав избега од циркус, се молат жителите да останат дома

Горан Наумовски

Пронајден лав на пат во Суботица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пет лава побегнале од кафез во зоолошката градина во Сиднеј, чуварите ги засолниле посетителите

А1он

ВИДЕО: Фатен лавот што шеташе низ Будва

А1он

ВИДЕО: Германски циркус ги замени животните со холограми

Ана Ололовска