Пет деца биле повредени во округот Диарбекир, во југоисточниот дел на Турција, при експлозија на бомби, кои биле оставени на улица од страна на Курдската работничка партија (ПКК).
Според првичните информации експлозивните направи се наоѓале покрај ограда на улица во градот Сур.
При експлозијата се повредени пет деца на возраст меѓу 10 и 16 години. Две од децата се тешко повредени и биле веднаш пренесени во градот Диџле.