Пет американски војници загинаа при пад на воен авион

Од:

Европската команда на вооружените сили на Соединетите Американски Држави (ЕУКОМ) денеска соопшти дека пет нејзини членови загинале во падот на американски воен авион над источниот дел на Средоземното Море.

Се додава дека потрагата по нивните тела е во тек.

ЕУКОМ објави дека воен авион се урнал за време на тренинг операции и дека нема индиции за некаква непријателска активност.

Од командата изјавија дека од почит кон семејствата погодени од овој инцидент нема да бидат објавени информации за оние кои биле во авионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Воен авион се запали и се урна на Алјаска

(ВИДЕО) Се урна руски воен авион, пилотите се катапултираа

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

(ВИДЕО) Се урна воен авион во близина на Москва: Во него имало 12 лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Американски борбен авион Ф-16 се урна во близина на Јужна Кореја