Американски борбен авион Ф-16 се урна во близина на Јужна Кореја

Од:

Американски борбен авион Ф-16 денеска се урна во Жолтото Море, а пилотот успеал да го напушти авионот пред падот и подоцна бил спасен од припадници на јужнокорејската крајбрежна стража и морнарица, соопштија военото воздухопловство на САД.

Американскиот авион се урна по полетувањето од воената база Кунсан Ер во Гунсан, 178 километри јужно од Сеул, пренесува Јонхап.

Пилотот бил спасен од јужнокорејската морнарица, во свесна состојба.

Воздухопловните сили на САД не дадоа дополнителни детали за состојбата на пилотот.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

Во мај, американски Ф-16 се урна на обработливо земјиште во близина на воздухопловната база Осан во Пјонгтаек, 60 километри јужно од Сеул, и тогаш немаше жртви, се сеќава Јонхап.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Воен авион се запали и се урна на Алјаска

(ВИДЕО) Се урна руски воен авион, пилотите се катапултираа

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

(ВИДЕО) Се урна воен авион во близина на Москва: Во него имало 12 лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Пет американски војници загинаа при пад на воен авион