Песков: Русија ја гарантира безбедноста на мисијата на МААЕ кај Запорожје

Од:

Русија ќе ја гарантира безбедноста на мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во областите контролирани од руските сили околу нуклеарната централа Запорожје во близина на градот Енергодар, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сè уште веруваме дека сите земји треба да продолжат да вршат притисок врз Украина да престане да го загрозува европскиот континент со гранатирање на територијата околу Запорожје“, нагласи Песков.

Тој додаде дека мисијата на МААЕ ќе дојде на територијата до нуклеарната централа Запорожје преку зоната што ја контролира украинската армија.

„Знаете дека влезот на територијата околу нуклеарката е можен од областа под контрола на украинската армија. Затоа, како што разбрав, Украинците ќе обезбедуваат безбедност од таа страна“, рече Песков.

Тој додаде дека Русија долго ја чекала оваа мисија и работела на подготовка на пристигнувањето на луѓето од МААЕ.

„Сметаме дека нивната мисија е важна“, рече Песков.

Руската и украинската страна со денови разменуваат обвинувања за гранатирањето на најголемата нуклеарна централа во Европа, која се наоѓа на југот на Украина на левиот брег на Дњепар.

Нуклеарната централа е под контрола на руските сили од март, а таму работи украински персонал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ