Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не ја потврди изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија ја поддржува идејата за распоредување европски мировни сили во Украина по завршувањето на конфликтот, но се осврна на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека е неприфатливо испраќањето сили од земјите на НАТО.

„Овде по ова прашање има став искажан од рускиот министер за надворешни работи Лавров. Немам што да додадам на ова и немам што да коментирам“, рече Песков, пренесе руската РБЦ.

На 18 февруари, по разговорите со делегацијата на Соединетите Држави во Ријад, Лавров рече дека проширувањето на НАТО претставува директна закана за интересите на Русија и дека распоредувањето на мировните сили од земјите на алијансата во Украина би било неприфатливо за Москва.

Би можело да ве интересира

Соборени се 250 дронови што се движеа кон Москва

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Трамп итно му се јавил на Путин