Песков: Полска и балтичките земји ја демонизираат Русија, а тоа е голема грешка

Од:

Од некоја причина, Полска и балтичките земји се плашат од Русија и ја демонизираат, што е голема грешка, изјави денес портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Портпаролот на Кремљ истакна дека постојат земји со кои Русија со векови доживува „дефицит на пријателски чувства“.

„Земете ја, на пример, Полска. Навистина имаме проблеми со Полска. Навистина имаме проблеми со балтичките земји. Од некоја причина, тие постојано се плашат од нас и нè демонизираат. Секој што ќе дојде на власт таму почнува страсно да ја мрази Русија и Русите“, рече Песков во коментар за новинарот на списанието „Лајф“.

Песков смета дека таков став кон Русија е голема грешка.

– Овие земји би можеле да научат многу од руската култура и интеракцијата со Русија, рече прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

(ВИДЕО) Сакаше да излезе од паркинг, па удри во шест автомобили

А1он

Во Полска уапсен тинејџер осомничен за планирање терористички напад

А1он

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

Закана од клучниот човек на Путин: „Варшава може да ја снема за 2-3 дена“

Катерина Ѓуровски

Песков: Литванија ќе биде мета доколку распореди нуклеарно оружје

Горан Наумовски