Песков: Нема потреба од самит на лидерите на земјите од „нуклеарната петорка“

Од:

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денес изјави дека во овој момент нема потреба од самит на лидерите на земјите од „нуклеарната петорка“, бидејќи, како што оцени, Западот гледа само курс кон милитаризација и ескалација на тензиите.

– Во моментов, очигледно нема основа за одржување на таков самит, гледаме линија кон ескалација на тензиите, кон милитаризација, вклучително и нуклеарна милитаризација, рече Песков на прес-конференција, пренесува „Известија“.

Песков нагласи дека надлежните руски агенции во моментов ја следат ситуацијата и работат на формулирање задачи во областа на руската безбедност.

„UK Defence Journal“, повикувајќи се на извори, објави во понеделник дека САД веројатно поставиле неколку нуклеарни бомби во Велика Британија за прв пат од 2008 година.

Се забележува дека станува збор за бомби со слободен пад Б61-12. Министерството за одбрана на САД не ги коментираше овие информации. Весникот оценува дека враќањето на нуклеарните бомби во воздухопловната база значи промена во нуклеарната стратегија на Северноатлантската алијанса во Европа „во контекст на влошување на односите со Русија“.

Би можело да ве интересира

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Песков: Меѓународното право повеќе не постои, заменето е со беззаконие

Горан Наумовски

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Американски разузнавачи: Русија индиректно се приклучи на војната, помагајќи му на Иран во нападите врз американските трупи

„Вашингтон пост“: Русија го „храни“ Иран со разузнавачки податоци за американските воени објекти