Песков: Не потврдувам, ниту демантирам дека Путин разговарал со Трамп

Од:

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ниту ги потврди, ниту ги демантираше медиумските извештаи за телефонски разговор меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Како што администрацијата во Вашингтон ја развива својата работа, се појавуваат многу различни комуникации, овие комуникации се одвиваат преку различни канали и, се разбира, со оглед на мноштвото на овие комуникации, јас лично можеби не знам нешто… Затоа, во овој случај, не можам ниту да потврдам, ниту да демантирам“, изјави Песков за Интерфакс.

„Њујорк пост“ претходно објави дека Трамп имал телефонски разговор со Путин за ставање крај на војната во Украина.

Би можело да ве интересира

САД ја отфрли идејата за операција за „фаќање“ на Путин

Азгади: Иран да примени „венецуелско сценарио“ кон Трамп

Трамп: Путин се плаши од САД, но не и од Европа

Трамп: Внимателно ја следиме ситуацијата во Иран, подготвени сме за силна реакција

(ВИДЕО) Трамп: Данците пристигнаа со брод на Гренланд пред 500 години, тоа не значи дека е нивен

Горан Наумовски

Трамп: САД ја презедоа венецуелската нафта за да ги сопрат Кина и Русија