Песков: Киев знае што е потребно за успешни преговори, но ситуацијата се влошува

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Киев знае какви одлуки треба да се донесат за преговорите за украинското решение да бидат успешни. Тој нагласи дека моментот за одговорност веќе е дојден и дека би било „идеално“ украинскиот претседател Володимир Зеленски да го стори тоа, објави РИА Новости.

– Моментот во преговорите одамна е дојден, како што рече (рускиот претседател Владимир) Путин, сега некој во Киев едноставно треба да преземе одговорност. Идеално, тоа треба да биде Зеленски. И да направи сè што е можно за преговорите да бидат успешни. Тие совршено добро знаат што треба да се направи, рече Песков.

Песков, исто така, коментираше за моменталната ситуација, наведувајќи дека реториката во Киев се граничи со „хистерија“, поради што ситуацијата станува сè потензична.

„Ситуацијата за нив (Киев) се влошува секој ден. Затоа има таква нервоза, затоа има таква вознемиреност, која се граничи со хистерија. Мислам дека ситуацијата ќе се влоши“, рече портпаролот на Кремљ.

Зборувајќи за напредокот на руските трупи во зоната на „специјални воени операции“, Песков нагласи дека Русија напредува, а динамиката е јасна.

„Ние се движиме напред, а динамиката е добро разбрана, добро позната на сите експерти, а Киев се чувствува непријатно поради тоа“, заклучи Песков.

Би можело да ве интересира

Три лица се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот Саратовски регион

Фицо: Воопшто не му верувам на Зеленски

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Зеленски: Новиот блискоисточен конфликт ја комплицира одбраната на Украина

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Украинците сè повеќе не му веруваат на својот претседател