Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Рамзан Кадиров и понатаму ќе остане на функцијата претседател на Чеченија.
– Кадиров планира да постапи така како што ќе му наложи претседателот (на Русија) Владимир Путин, изјави Песков, коментирајќи ја најавата на чеченскиот претседател за повлекување од функцијата.
Кадиров вчера најави дека сака да ја напушти претседателската функција бидејќи дошло време за промени во Чеченија.
– Тоа е мојот сон. Да се биде на чело на рeгионот и да се сноси одговорност за луѓето, за Републиката, пред Севишниот и пред раководството на државатa – е многу тешко, изјави Кадиров во интервју за телевизијата Русија 1.
Кадиров е претседател на Чеченија од февруари 2007 година, а претходно беше и премиер.