Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска во врска со обвинувањата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Русија ги крши договорите, изјави дека има многу лаги и непочитување на договорите од страна на Франција, вклучително и договорите од Минск.
– Имаше многу лаги од Франција. На крајот на краиштата, се сеќаваме на изјавата на (поранешниот француски претседател Франсоа) Оланд, кога рече дека, всушност, никој не ги сфатил сериозно договорите од Минск“, рече Песков во интервјуто објавено на каналот Телеграм на новинарот Павел Зарубин.
Претставникот на Кремљ потсети дека во 2014 година Франција потпишала документ со кој се гарантира политичката иднина на тогашниот легитимен претседател на Украина, Виктор Јанукович.
„После тоа се случи државен удар. Односно, Франција, како и другите земји, не ги исполни своите гаранции. Зарем тоа не беше лага? Тоа беше лага, вистинска лага. А господинот Макрон не спомна ништо за тоа“, заклучи Песков.
11-годишниот мировен процес, кој требаше да стави крај на граѓанската војна во источна Украина, вклучува два договора постигнати во белорускиот главен град Минск.
Договорот, вообичаено наречен „Минск 2“, беше постигнат во 2014 година, а по маратонските преговори, следната година беше склучен втор договор – пакет мерки што требаше да обезбедат спроведување на договорот од 2014 година, кој потоа го потпишаа Русија, Украина, Франција и Германија.
Тогаш непријателствата беа значително намалени, но многу точки од договорот сепак беа само делумно спроведени.