Песков: Европа не сака долгорочни договори, затоа гасот наместо 300 го плаќа 1.300 долари

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Европејците се откажале од долгорочната и пазарната интеракција кога станува збор за снабдувањето со енергенси и дека сега се принудени поскапо да плаќаат за гасот.

Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин кажал дека сите енергетски интеракции на Русија во областа на снабдувањето со енергенси треба да бидат што е можно потранспарентни, исклучиво пазарни и врз долгорочни договори.

-Европејците се откажаа од тоа и сега купуваат гас, не 300, туку приближно 1.300 долари, рече Песков.

Кризата со гасот беше поттикната и од последната ескалација на тензиите во односите меѓу Русија и Западот околу Украина.

Западот и се заканува на Русија со санкции доколку наводно ја нападне Украина, а во нив може да биде опфатен и гасоводот „Северен тек 2“, што веќе е завршен, но за кој Германија се уште не дава употребна дозвола.

Со овој гасовод гасот директно се носи од Русија до Германија.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности